Wanted – Вестерн Колекција

Издавач: Стрип Квадрат | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Wanted - Вестерн Колекција | Бр. на страни: 76 | Димензии: 30цм | Корица: мека

Wanted - Вестерн Колекција на Јовчевски е збирка на класични вестерн стрип-минијатури сместени во историската мизансцена од втората половина од XIX век во специфичното и препознатливо опкружување на далечните и сурови предели на американскиот запад. Од прашливте мали гратчиња и нивните гласни салуни полни со соблазливи танчерки, ноќни дами и раскалашени љубители на покерот, вискито и добрата тепачка. Па преку пејсажите кои го отсликуваат селскиот живот во пространите ранчеви со впрегнатите крда од вештите каубои. Или пак етнолошкиот раскош на индијанските села и нивната шаманска мито-поетика на древните ритуали и преданија. Па се до митската и иконичка слика за полуномадскиот скитник каубој како го јава верниот коњ низ пустинските прерии на дивиот запад, препознатлив по стенсоновиот шешир и колт револверите. Токму во ова наративно и сценско опкружување, или вестерн per se, Јовчевски говори за една неповторлива херојска дивина, огромна пожртвуваност и безусловна себепредаденост кон честа и должноста.

Цена: 600 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Стрип Квадрат

Report an abuse for product Wanted – Вестерн Колекција

Категории: ,
ИСБН: 978-608-4719-20-5

Questions and Answers

You are not logged in