Лузитанија

Издавач: Авант Прес | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Luzitanija | Бр. на страни: 232 | Димензии: 14 х 20 см | Корица: /
Извадок:

Сер Томас Липтон, патувајќи низ окупираната Србија ги запознава жителите и принципите на утописката државата настаната на подрачјето на белградската психијатриска болница. Господинот Теофиловиќ, српски доселеник во Њујорк, го преживува потопувањето на прекуокеанскиот брод Лузитанија, и на својот пат кон Белград талка низ рововите на Западниот фронт и подземните тунели во кои го упатуваат необични водичи. Таксидермистот во служба на Кралството Југославија, Василиј Арнот, паѓа во немилост и бегајќи од Белград се запознава со таинствената содржина на Музејот на природните науки во Фиренца. Среде Балканската војна, Нестор, мобилизираниот уметник, во потрага по загубената чета, талка низ шумите на Србија и закопува дел по дел од костурот на непозната жртва. Трагајќи по исчезнатиот татко, Американката со српско потекло се соочува со скриената историја на своето семејство. Преплетените приказни што го сочинуваат ткивото на романот, приказните за патувањата, талкањата, преобразбите и исчезнувањата, се среќаваат и се вкрстуваат во собите, ходниците и дворот на најмалата државата во светот, заснована врз најдлабокиот и најнерамноправниот судир – судирот на прогресот и лудилото. За овој роман, Дејан Атанацковиќ година ја добива награда „НИН“ за 2017 година, за книжевност.

Цена: 300 ден

30 на залиха

Спореди
Продавач Авант Прес

Report an abuse for product Лузитанија

Категорија:
ИСБН: 978-608-4823-26-1

Questions and Answers

You are not logged in