Мајсторот и Маргарита

Издавач: Матица Mакедонска | Јазик: Македонски | Година: 2005
Оригинален наслов: Мастер и Маргарита | Бр. на страни: 464 | Димензии: 21 см | Корица: мека

Одбиван, премолчуван, забрануван и напаѓан. Тоа е историјата на овој роман. Едно обично, жешко летно пладне, во Москва, започнуваат да се случуваат многу, многу необични работи. Никогаш не разговарајте со непознати. Зaшто, така, ете така започнува хаосот. Хаосот кој го создава никој друг, туку Воланд. Воланд, Мефистофел, Ѓаволот лично. Низ меланжот од приказни, проткаени со многу хумор и иронија, пародија и смеа, смешно и страшно, подбив и (само)критика, се издигнува, на крајот, една нова приказна. Можеби не сосем вистинита, но приказна која не се вклопува во калапите на бинарностите, која донесува една поинаква перспектива на набљудување, ново промислување на Вистината, Убавината, Уметноста. Една поинаква, Уметничка Вистина, која ги пресвртува добро познатите и вечни вистини, која не дозволува нивно еднаш засекогаш и цврсто утврдување, која е надвор од востановените идеолошки и политички рамки и убедувања. Користејќи го хуморот како најсилно оружје против системите кое се обидуваат да нè задушат, да ја убијат во нас последната капка креативна фантазија, да ни го скројат животот во задушливите кабинети во име на напредокот, Булгаков ја исмева таа нехумана лакрдија, по цена на својот живот, а во име на слободата и правото на избор на сопствената (уметничка) вистина. Еве одлична прилика да се погледнат нештата од поинаков агол.

Цена: 520 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Матица

Report an abuse for product Мајсторот и Маргарита

Категорија:
ИСБН: 9989-48-612-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Мајсторот и Маргарита”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in