Преглед на кошничка “Глобален маркетинг” e додадена во Вашата кошничката

Маркетинг за немаркетинг менаџери: Водич за 21-от век за интегрирано управување со ресурси

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Marketing for the nonmarketing executive: An integrated resource management guide for the 21st century | Бр. на страни: 246 | Димензии: 148x232 | Корица: /

За што се залага една компанија водена од маркетингот во епохата на Интернетот? Како еден немаркетинг-менаџер, зошто би обрнувале какво било внимание на оваа тема? Како вметнувањето на фините точки од оваа тема ќе придонесе за вашата ефективност на работното место? Во ерата на отворени или на електронски деловни организациски структури, многу менаџери и претприемници одеднаш откриле дека им е потребно за знаат многу повеќе за маркетингот отколку што некогаш мислеле дека треба да знаат. Ако сето ова ви звучи како да се однесува токму на вас, тогаш текстот во оваа книга е идеален извор за тие теми.
Од прва рака се дадени детални информации за маркетинг-менаџментот и за стратегијата на конкурентност во епохата на Интернетот. Ќе ги разберете различните компоненти на маркетингот, како тие влијаат на целата компанија, како да комуницирате и да развиете подобар однос со маркетинг-професионалците и уште поважно, како активно и ефективно да учествувате во маркетиншките одлуки. Полека учите како да размислувате како маркетинг-стратег. Посочени се 25 реални примери на компании во кои се аплицирани овие концепти и техники.
Автор на ова прекрасно издание е Нортон Пели. Тој има 25-годишно искуство во менаџментот, маркетинг-менаџментот и во развојот на производи во „McGraw-Hill Inc.“, „John Wiley & Sons“ и во „Alexander-Norton“. Покрај неговата советодавна улога во креирањето на стратегиите за конкурнтност и за стратешко планирање. Тој има обемно искуство и како предавач пред менаџерите и пред техничкиот персонал во фирми како што се „American Express“, „Cargill“, „Chevron Chemical“, „Dow Chemical“, GTE, „McDonnell-Douglas“, „Ralston-Purina“, „Johnson & Johnson“, „U.S. Gypsum“, „Celanese и Pacific Bell“.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1390 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Маркетинг за немаркетинг менаџери: Водич за 21-от век за интегрирано управување со ресурси

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-126-0

1 оценка за Маркетинг за немаркетинг менаџери: Водич за 21-от век за интегрирано управување со ресурси

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in