Мечкоград

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Björnstad | Бр. на страни: 400 | Димензии: 13×20 | Корица: /

Луѓето велат дека со Мечкоград е готово. Малечката заедница вгнездена длабоко во шумата полека попушта пред дрвјата што стануваат сè погусти и ја проголтуваат. Но покрај езерото има едно старо лизгалиште што пред многу генерации го изградиле работниците што го основале ова гратче, а во тоа лизгалиште се наоѓа причината поради која народот верува дека утре ќе биде подобро од денес. Јуниорскиот хокеарски тим игра во полуфиналето на националниот турнир и, всушност, се обидува да го освои. Сите надежи и сништа на ова место сега почиваат на рамената на еден грст тинејџери. Одговорноста за надежите на целото гратче е тежок товар, а полуфиналниот натпревар е катализатор за чин на насилство по кој едно девојче ќе биде трауматизирано, а градот ќе врие. Се појавуваат обвиненија и, како камчиња што отскокнуваат од површината на водата, патуваат низ цел Мечкоград и никого не го оставаат рамнодушен. „Мечкоград“ ги истражува надежите што ја обединуваат малата заедница, тајните што ја разединуваат и храброста што е потребна за еден човек да ѝ се спротивстави. Во оваа приказна за мало шумско гратче, Фредрик Бакман го сместил целиот свет. Истоиментата серија на HBO премиерно беше прикажана во октомври 2020 година.

Цена: 500 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Мечкоград

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-463-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Мечкоград”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in