Медиумскиот егзил на книжевноста во Македонија

Издавач: Авант Прес | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Медиумскиот егзил на книжевноста во Македонија | Бр. на страни: 160 | Димензии: 25 см | Корица: мека

„Главен мотив за создавање на студијата Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура е спојувањето на моите две сфери на професионален интерес, па и лично суштествување – книжевноста и новинарството. Мојот ангажман како новинар започнува во 2001 година. Работата во повеќе медиуми ми овозможува спојување на двете области, бидејќи како репортер и автор на повеќе емисии најчесто моето работно место било и е во културните рубрики или културните редакции на повеќе радија (Македонско радио – Радио Скопје, Универзитетско радио на УКИМ – СТУДЕНТ ФМ 92.9, Радио Бус), телевизии (АЛФА ТВ и НАША ТВ), веб-страницата www.cooltura.mk, надворешен соработник на дневниот весник „Дневник“, како и на повеќе специјализирани списанија за литература и култура. Новинарството ми овозможи активно следење на културните случувања во Македонија, со акцент на книжевната сцена, издаваштвото и актуелните текови, како и изворно засведочување на бројни настани кај нас и во светот. Од друга страна, многуте професионални обуки и семинари беа продлабочување на знаењето за медиумите, а тоа доведе до мојот интерес за истражување на врската и т.н. селење на литературата од книгата на останатите медиуми (печатени и електронски). Посебно истражување, секако, заслужува релацијата книжевност и дигиталните медиуми, подрачје кое допрва се развива и збогатува со научни трудови.“

Цена: 300 ден 240 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Авант Прес

Report an abuse for product Медиумскиот егзил на книжевноста во Македонија

Категорија:
ИСБН: 978-608-4823-22-3

Questions and Answers

You are not logged in