Мемоари

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Histoire de ma vie | Бр. на страни: 444 | Димензии: 21 цм | Корица: /

Заводник, коцкар, измамник, добротвор, шпион, авантурист, фалбаџија, самопрогласен џентлмен, духовит човек, поет, преведувач, филозоф, човек посветен на убавиот живот и на што ли уште не... Џакомо Казанова не е само еден од најпознатите љубовници што западниот свет некогаш го познавал туку и првокласен раскажувач. Во овој избор од неговите мемоари, Казанова проникливо и возбудливо ги преплетува интимното, јавното и историското, портретите на големите луѓе што го обележале своето време, како Волтер и Русо, со личните приказни за оние 120 жени што ги љубел. Мемоарите се несекојдневно сведоштво за едно време, импресивна и забавна енциклопедија на векот на просветителството, но и приказна за трагачот по љубовниот апсолут, неуморниот еротски истражувач, човекот што сака да дојде до крајот на сексуалното задоволство. „Мемоарите на Казанова мора да се прочитаат... тие се дело не само на високо признаен заводник туку и на книжевен уметник со најголем талент.“ New York Times Book Review „Ова се најинтересните мемоари на сите времиња... Русо, Стендал, дури и Августин треба да си го заземат своето место, половина чекор зад најголемиот од раскажувачите.“ Nation „Казанова нуди величествена слика на Европа од XVIII век: голем театар на интриги, турканица со политички пратеници, шпиони, измамници, шарлатани, бегалци, куртизани, републиканци, слободоумници, розенкројцери и инквизитори.“ Boston Globe

Цена: 420 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Мемоари

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-314-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Мемоари”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in