Преглед на кошничка “Ангажирање на непрофитни организации: Социјалната држава во времето на договори” e додадена во Вашата кошничката

Менаџмент на операции: Процеси и синџири на вредности

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: Operations Management: Processes and Value Chains | Бр. на страни: 720 | Димензии: 198x294 | Корица: /

Авторите Ли Џ. Крајевски (професор на Универзитетот „Нотр Дам“), Лери Л. Рицман (почесен професор на државниот Универзитет во Охајо и на Колеџот „Бостон“) и Маној К. Малхотра (професор на Универзитетот во Јужна Каролина) создадоа еден прекрасен учебник полн со примери од практиката со што станува интересен и за сите актуелни менаџери.
Во првиот дел се разгледуваат Кина и Индија како две земји што имаат огромно влијание во поглед на глобалната конкурентност. Оперативната стратегија е нешто што е многу важно, па затоа е разгледана во детали. Понатаму, преку проект-менаџментот се покажува како може да се искористат проектите за имплементирање на таа стратегија.
Вториот дел ги идентификува стратешките прашања при креирањето на процесите и опишува како да се имплементира стратегијата во самите процеси. За да се опишат мерките за квалитет, земени се примери од медицинската индустрија. Убаво е објаснета теоријата на ограничувања со која успешно се менаџираат „тесните грла“. Презентирана е активност на една голема канцеларија со линиски распоред на задачите по работните места.
Менаџирањето на синџирите за снабдување е анализирано во третиот дел. Дадени се материјали за формирање стратегија, избор на локација, менаџирање на резервите, предвидување, планирање на продажбата и операциите, планирање на ресурсите и дистрибуција.
Секој што сака да биде квалитетен оперативен менаџер треба да ја поседува оваа книга.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 2450 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Менаџмент на операции: Процеси и синџири на вредности

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-12-6

1 оценка за Менаџмент на операции: Процеси и синџири на вредности

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in