Меурот на стравот : зауздај го стравот и живеј без граници

Издавач: Просветно дело | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: The fear bubble : harness fear and live without limits | Бр. на страни: 336 | Димензии: 24 | Корица: мека

АНТ МИДЛТОН во изданието МЕУРОТ НА СТРАВОТ ја раскажува својата животна приказна, зборува за стравот и за многубројните моменти во кои застанал лице в лице со стравот. Покрај големиот број застрашувачки искуства со кои се соочил во животот, ги споделува искуството од своето патешествие на Еверест каде што се наоѓа во очајна, животнозагрозувачка ситуација соочувајќи се со својот најголем страв: да ги остави жената и децата без сопруг и без татко. Но, стравот за него не е непријател. Тоа е енергија што му помага да продолжи напред и да успее. Благодарение на револуционерниот концепт за Меурот на стравот, Ант научи како да ја заузда моќта на стравот и да ја разбере позитивната сила во која што стравот може да се претвори. Стравот му дава на Ант возбуда така што тој е во потрага по животни предизвици, без разлика дали е дома, обидувајќи се секојдневно да биде најдобриот татко за своите деца, или пак, заглавен во смртоносната зона на врвот на светот во страшно невреме. Авторот низ своите искуства го опишува концептот Меурот на стравот обидувајќи се да покаже и докаже како истиот концепт може да се употреби во нашите животи за да ни помогне при кршење и преминување на нашите граници. Моќен, непоколеблив, инспиративен и мотивирачки повик за акција, МЕУРОТ НА СТРАВОТ, е неопходно четиво за секој кој сака да се тестира себеси и да се притисне уште повеќе за да живее без граници, да ги заузда своите стравови и да го освои својот личен Еверест.

Цена: 450 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Просветно Дело АД Скопје

Report an abuse for product Меурот на стравот : зауздај го стравот и живеј без граници

Категории: ,
ИСБН: 978-608-228-442-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Меурот на стравот : зауздај го стравот и живеј без граници”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in