Микробна контаминација на храна

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Microbial food contamination | Бр. на страни: 632 | Димензии: 150x235 | Корица: тврда

Уредена од Чарлс Л.Вилсон, истражувач со научна и со едукативна кариера од речиси педесетина години, од кои 37 години државна служба во разни владини истражувачки центри за земјоделство и за храна, оваа книга претставува сеопфатна евалуација на микробиологијата, на биохемијата, откривањето на ризиците и на болестите што може да произлезат од храната. Разгледани се разни видови болести за кои е причинител храната, воведени се нови погледи кон патогениот ефект од бактеријата ешерихија коли и отворена е дискусија за микотоксините и за алфатоксините.
Во делот за откривање, набљудување и за контрола, разгледани се брзите електорхемиски бисензори и полимерната синџиреста реакција, претставени се новите методи за откривање на прионските болести и испитани се контролните и превентивни мерки, вклучувајќи ги тука и природните антимикроби.
Во делот за меѓународна регулатива и за трговија е евалуирано влијанието на глобализацијата врз ризикот од транснационални епидемии како што беше примерот со кравјото лудило, кое се прошири во повеќе земји поради трговијата со говедско месо. Даден е преглед на меѓународните програми за намалување на контаминацијата на храната и за зголемување на нејзината безбедност.
За крај, уредникот оставил место и за една несакана, но, сепак, актуелна тема за која мора да се дебатира – биотероризмот. Направено е истражување за суштината на биотероризмот и за потенцијалните можности од употреба на разни хемиски, биолошки и радиолошки агенси за терористички цели. Како заклучок, понудено е решение за заштита на храната од евентуалните напади и за максимално намалување на можноста за контаминација.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 3 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 2450 ден

49 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Микробна контаминација на храна

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-207-6

2 оценки за Микробна контаминација на храна

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 1 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in