Милева Ајнштајн, теорија на тагата

Издавач: Прозарт Паблишинг | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Mileva Einstein, teorija tuge | Бр. на страни: 217 | Димензии: 20 см | Корица: /

Кога, тукушто стигната со своите синови во Берлин, каде што нејзиниот сопруг, најславниот научник на XX век, Алберт Ајнштајн, само што добил работа, ќе добие писмо со Услови за нивниот меѓусебен живот, и онака напукнатиот живот на Милева Ајнштајн сосема ќе се преврти. Останува сама, со своите синови, со големиот товар на тагата што ја носи во себе, со сите падови коишто ги имала во животот и оние што допрва ќе ги доживее. Личноста што била предодредена за најголеми научни дострели, генијалната математичарка, првата жена на Политехничкиот факултет на Универзитетот во Цирих, секогаш различната и поинаква Милева Ајнштајн родена Мариќ, од богато војводинско семејство, е со речиси парадигматична судбина кога размислуваме за положбата на жените во тоа време. Нејзината теорија на тагата е тешка како и која било теорија на релативноста, но и многу почеста од неа. Багажот на тагата што го носела од најраната младост до смртта, во којашто со текот на времето само се додавале тешки моменти, од куцањето и подбивот на децата, преку љубовта и неуспешниот брак со Алберт, до смртта на детето, болната сестра, незавршениот факултет, лошата материјална ситуација и тешката болест на најмладиот син, е товар што може да го разбере секоја читателка или читател. Славенка Дракулиќ во романот Милева Ајнштајн, теорија на тагата го оживува генијот во неговото семејство. Пред нас се појавува опиплива, вистинска, полна со живот, но и со депресија Милева, жената во којашто се огледуваат сите улоги коишто жените постојано и одново ги поднесуваат и со коишто се носат посилно од кој било маж.

Цена: 300 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Прозарт Медиа

Report an abuse for product Милева Ајнштајн, теорија на тагата

Категорија:
ИСБН: 978-608-256-043-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Милева Ајнштајн, теорија на тагата”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in