Минатото

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: El pasado | Бр. на страни: 536 | Димензии: 13х20 | Корица: мека

 

Дали една љубов што траела долго време може некогаш да стане минато и колку иднината на тие луѓе може да се развива независно од нивното минато? Римини и Софија 12 години биле во врска што изгледала нераскинливо, но на крајот завршила. Сепак, минатото нѐ поврзува многу повеќе од тоа што сме свесни. Токму кога Римини помислува дека го открива прекрасниот свет на слободата и на новите желби, ќе најде нова љубов и ќе основа семејство. А тогаш во неговиот живот директно од времето за кое мислел дека е завршено се враќа Софија. Секоја нова средба на двајцата главни протагонисти е изненадување сама по себе: љубовта од минатото добива нова форма во сегашноста. Дали Софија е жена полна љубов, пријател што сака да ја спаси својата најдрага личност или сѐ што прави прави со намера да се одмазди за разделбата, бидејќи не може да ги контролира страстите? Одговорот на ова прашање авторот вешто го одложува до целосно непредвидливиот крај.

Авторот истакнува дека Марсел Пруст и стенд-ап комичарот Џери Сајнфелд извршиле најголемо влијание врз неговата книга. „Минатото“ е најуспешниот роман на еден од најдобрите латиноамерикански писатели на својата генерација, за кој тој ја добива наградата „Ералде“ во 2003 година. Според книгата е снимен и филм во режија на Ектор Бабенко.

 

 
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 500 ден

6 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Минатото

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-253-3

1 оценка за Минатото

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in