Мистеријата на трите четвртини

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: The Mystery of Three Quarters | Бр. на страни: 320 | Димензии: 13×20 | Корица: /

Уште една ингениозно заплеткана мистерија што може да ја реши само генијалниот ум на славниот белгиски детектив. Враќајќи се од ручек Херкул Поаро еден ден пред својот дом затекнува налутена и бесна жена. Инсистира Поаро да ѝ објасни зошто ѝ испратил писмо во кое ја обвинува за убиство на извесен Барнабас Панди, човек за кого таа ниту слушнала ниту го видела претходно. Но ни Поаро нема чуено за такво лице, а уште помалку обвинил некого за неговото убиство. Видно вознемирен влегува дома, каде што го чека уште еден непознат посетител што исто така тврди дека утрово примил писмо со обвинение од Паоро за убиството на Барнабас Панди. Зачуден и изненаден, Поаро се прашува уште колку такви писма се испратени во негово име. Кој и зошто ги испратил? И што е уште поважно, кој е Барнабас Панди, дали е навистина мртов и, ако е, дали се работи за убиство? Можно ли е да се одговорат сите овие прашања, а да не се загрози нечиј живот? Легендарната ѕвезда на Агата Кристи од „Убиство во Ориент експрес“, од најновите случаи во „Убиства со монограм“ и „Затворениот ковчег“, се враќа во уште една ѓаволски замрсена загатка што се одвива во Лондон во триесеттите години на минатиот век.

Цена: 400 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Мистеријата на трите четвртини

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-399-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Мистеријата на трите четвртини”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in