Преглед на кошничка “Трепетот на душата” e додадена во Вашата кошничката

Мобилен

Издавач: Блесок | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: Handy | Бр. на страни: 312 | Димензии: 120x170 | Корица: /

Инго Шулце во својата нова книга „Мобилен“ го внесува фантастичното во реалноста и заведува со големата уметност на хуморот и на префинетата самоиронија. Човек, задоволно, на сè му верува и се вџашува. Die Tageszeitung Во германската литература денес има малкумина писатели кои суверено располагаат со техниките и триковите на раскажувањето како Инго Шулце... Тој е виртуоз кој може да направи да му бидат својствени повеќе различни стилови и начини на пишување. Тој е, тоа го покажува и оваа книга, еден од младите мајстори на современата литература. Die Welt „Мобилен“ е книжевен настан: со своите тринаесет нови раскази Инго Шулце суверено покажува како е возможно и најголемата литературна рафинираност да се прикрие зад едноставниот раскажувачки тон... И овде, како и во неговата дебитантска книга, се работи за „вреднувањето на среќата“... Литературното Мајсторство на Шулце се состои во тоа да ни го разбуди сетилото за овој феномен. А, тој тоа не го прави „во стар манир“, како што навестува поднасловот, туку на сосема својствен начин, кој ја поврзува едноставноста на раскажувањето со големата уметничка умешност. Покрај замките на секојдневието, Шулце во новата книга ја поставува и најстарата, најубавата и најзамрсената замка на литературата: вечната игра меѓу реалноста и фикцијата, меѓу уметноста и животот. Низ оваа замка Инго Шулце се движи со леснотија и рафинираност, по кои човек долго би морал да трага за да ги најде во германската литература на нашето време. Frankfurter Allgemeine Zeitung Исполнет со лукавост, раскажувачот Инго Шулце со својата збирка раскази „Мобилен“ повторно е на врвот од својата умешност. Die Zeit Шулце навистина се вбројува во великаните на современата германска литература. Frankfurter Rundschau

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Блесок

Report an abuse for product Мобилен

Категорија:
ИСБН: 978-9989-59-317-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Мобилен”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in