Мојата борба за Македонија, том 1

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Мојата борба за Македонија, том 1 | Бр. на страни: 540 | Димензии: 240x170 | Корица: мека

Драган Богдановски (1949-1998) е една од најистакнатите личности и најмаркантна фигура на македонската политичка емиграција и најпознатиот македонски дисидент. Тој е и публицист и новинар. Во неговото политичко досие се зачувани и неколку ракописи за историјата на македонскиот народ и два историографски романа. Ракописната оставина на Богдановски се објавува со заеднички наслов „Мојата борба за Македонија“ во пет тома и еден обемен том содржи избор на документи од неговото полициско досие. Првиот том од ракописната оставина на Драган Богдановски, со заеднички наслов: МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА, содржи еден пообемен текст за историјата на Македонија, којшто содржи 12 глави. Овој том се однесува на неговите погледи, ставови и констатации за одредени настани и личности од историјата на Македонија, стекнати, пред сè, од македонска комунистичка историографија од 60-тите и 70-тите години на 20 век. Иако е посветен на проучување и пишување на историјата на Македонија, под влијание на тогашната литература, Богдановски идеолошки ги третира македонските историски процеси и личности, подвлекувајќи го врховизмот во ВМРО и кај нејзиното раководство, но прави обемен и детален историски преглед. Историографските трудови што ги цитира се на македонските историчари Блаже Ристовски, Иван Катарџиев, Манол Пандевски, Славко Димевски и др.

Цена: 400 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Мојата борба за Македонија, том 1

Категорија:
ИСБН: 978-608-4614-04-4

Questions and Answers

You are not logged in