Мојата македонска приказна : каде одиш, Македонијо!

Издавач: Ѓурѓа | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Мојата македонска приказна : каде одиш, Македонијо! | Бр. на страни: 366 | Димензии: / | Корица: мека

Основачот на првата македонска автентична политичка партија,ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, во книгата на околу 400 страници, ја изнесува својата лична и политичка исповед, од денот кога прв пат се впушта во политичките води до денешни дни.   Во книгата, читателот ќе се сретне со низа факти и настани кои авторот прв пат јавно ги изнесува, потврдувајќи ја својата посветеност на македонското дело.   Покрај другото, тема во книгата на најмладиот македонски премиер, се најкритичните мигови на современата македонска историја од осамостојувањето до денес, но и премрежијата низ кои мина партијата што ја основа и во чиј развиток се вложи себеси.   Дури и површна анализа на текстот укажува на своевиден животен и политички тестамент на авторот, исплетен од неверојатна искреност на еден политичар. Барем онака како сме навикнале читајќи памфлети на политичари од сите епохи. Во таа смисла, на едно место Георгиевски ќе напише:   „...Земајќи ја предвид мојата метаморфоза, сигурен сум дека ако не бев ангажиран во политиката ќе бев познат македонски писател. Можеби, тоа ќе беше подобро и за мене лично и за Македонија!   Во книгата, ќе ги сретнете имињата на околу стотина личности од историјата на Македонија, но и на наши современици – негови соработници, политички противници и личности кои имале влијание на неговиот личен и политичкиживот.
Рангирано 2.50 од 5 според 2 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 500 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Ѓурѓа

Report an abuse for product Мојата македонска приказна : каде одиш, Македонијо!

Категорија:
ИСБН: 978-608-201-385-5

2 оценки за Мојата македонска приказна : каде одиш, Македонијо!

  1. Rated 1 out of 5

    Dimitar Kalajdzieski

    .

  2. Rated 4 out of 5

    laskoj84@gmail.com

    .

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in