Моќта на јавното говорење : како успешно да презентирате во секоја ситуација

Издавач: Паблишер | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Speak to win : how to present with power in any situation | Бр. на страни: 175 | Димензии: 21 см | Корица: /

Почетната точка за моќен говор е публиката. Запомнете, не се работи за вас, се работи за нив.

Способноста убедливо да зборувате пред публика е клучна за вашиот успех. Ќе ви донесе почит од другите, ќе ве направи повредни за компанијата и ќе го привлече вниманието на луѓето кои можат да ви помогнат и да ви ги отворат вратите. Притоа, јавното говорење е вештина што може да се научи, а најпознатиот светски говорник Брајан Трејси е идеалниот инструктор.

Знак за вистински професионалец во секое поле е подготвеноста. Колку потемелно ќе се подготвите толку подобри резултати ќе постигнете. Кога ќе научите како да одржувате одлични говори и пред мала група и пред голема публика, ќе станете еден од највлијателните и најубедливи поединци во својата област.

Моќта на јавното говорење ве учи како:
• Да ги зголемите самодовербата и самопочитта
• Да постигнете силна умствена контрола
• Да го освоите и да го задржите вниманието на слушателите
• Да ја импресионирате публиката
• Да стекнете гласовна вештина и моќни техники на врвен говорник • Да научите стратегии со кои ќе ги придобиете слушателите...

Начинот на кој зборувате е важен колку и самиот говор. За да ги остварите најмоќните презентации во животот, следете ги советите на еден од најдобрите светски говорници – Брајан Трејси.

Цена: 400 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Моќта на јавното говорење : како успешно да презентирате во секоја ситуација

Категорија:
ИСБН: 978-608-4892-55-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Моќта на јавното говорење : како успешно да презентирате во секоја ситуација”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in