Морбидизам

Издавач: Златко Ѓелески | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Морбидизам | Бр. на страни: 150 | Димензии: 21x30 | Корица: /

„Морбидизам“ е збирка на педесет кратки раскази со бизарни ликови кои завршуваат во чудни и непредвидливи ситуации кога непознатото продира во нивниот живот. Во книгата може да се препознае опсесијата на ликовите на По, лудилото од светот на Лавкрафт, надреалниот апсурд на Кортасар, телесниот хорор на Баркер, отуѓеноста на Кафка, сеништата и покојниците на Мамлеев, авторската автодеструкција на Кинг, Бодлерова фасцинација со естетиката на грдото комбинирано со здрава доза на егзистенционализам, психоанализа, дуализам и кошмарни халуцинации, зачинети со научна фантастика и црн хумор, реализирани во постмодернистички манир. „Морбидизам“ е манифест на македонскиот фантастичен расказ, а неговиот автор е борец за литературата на имагинарното, истражувач во најтемните простори на човечкото постоење, смело откривајќи ги домените на натприродното, необјаснливото, непознатото и забранетото знаење. Хорор преданија раскажани на македонски начин. Педесет кратки и смели литературни бодежи кои никој читател нема да го остават рамнодушен.   

Цена: 200 ден

97 на залиха

Спореди
Продавач КупиКнига

Report an abuse for product Морбидизам

Категорија:
ИСБН: 978-9989-57-942-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Морбидизам”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in