Мртво тело во библиотеката

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: The Body in the Library | Бр. на страни: 184 | Димензии: 21 см | Корица: /

Едно рано утро полковникот Бантри и неговата сопруга Доли ги буди вознемирувачкиот глас на куќната помошничка, која им соопштува дека долу во нивната библиотеката има мртво тело. Иако не верувајќи, тие навистина наоѓаат мртво тело на една млада, силно нашминкана девојка облечена во вечерен фустан. Никој не знае која е таа и како воопшто се нашла токму во домот на Бантриеви. Тогаш, Доли ја повикува нејзината пријателка и аматер-детектив, госпоѓицата Марпл, за да помогне во откривањето на идентитетот на девојката и расветлувањето на ова убиство. Освен за овој случај, оваа кротка, но мошне прониклива старица, ќе успее да ù помогне на полицијата и при расветлувањето на уште еден случај на убиство, директно поврзано со првото убиство.

Романот „Мртво тело во библиотеката“, објавен во 1942 година, е необична приказна со многубројни меѓусебно испреплетени и живописни ликови, а како што велат и книжевните критики: „Не треба многу време за да се прочита ова дело, но двата случаи на убиство изобилуваат со толку мистерија околу нив, што нема да сакате да ја оставите книгата додека не се открие убиецот со помош на остроумноста и интуицијата на Џејн Марпл“.

Цена: 380 ден

19 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Мртво тело во библиотеката

Категории: ,
ИСБН: 978-608-259-729-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Мртво тело во библиотеката”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in