Муабети за личен развој

Издавач: Елена Антоновска | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: МУАБЕТИ ЗА ЛИЧЕН РАЗВОЈ, Емисија 24 за животот | Бр. на страни: 160 | Димензии: 21 | Корица: мека

Посветено на сите луѓе, на сите битија, на целата креација.

Оваа книга е приказна инспирирана од вас, за вас. Поттикната од праксата на Елена и од искуството на Огнен, преточено во корисни, бесконечни муабети, чиј дел е пренесен во заедничките емисии направени во периодот од ноември 2014. до ноември 2016. година. Полни две години дружење со ТВ24 и со емисијата „За животот“, преку 30-тина емисии преточени во пишан збор. За да остане. Ова е само вториот дел, првиот допрва, набргу, следува. Бидејќи ви е посветена вам, на сите луѓе, сакавме и на сите да им е достапна. Не само на оние кои добро се снаоѓаат со интернетот, бидејќи емисиите ги имате онлајн, туку и на оние кои се љубители на „олд скул“ хартиена варијанта. Ни требаше прилично време да ја срочиме во текст и да ја реализираме, но веројатно сега ѝ дојде времето. Зашто, сѐ се случува во вистинското време. Можеби и ние требаше да созрееме за книжевно дело или едноставно за нешто друго и ново во нашите животи. Задоволство е да го споделиме со вас ова првенче.

Бидејќи емисиите секогаш ни беа корисни, конструктивни и забавни, идејата дојде од желбата да го споделиме со вас нашето животно искуство, размислувањата, знаењето и хуморот, а со тоа да ве поттикнеме на размислување „за животот“ и како подобро, полесно, посреќно или поуспешно да го живеете. Содржината опфаќа животни теми кои веруваме за секој ќе бидат интересни, обработени од практичен, филозофски, езотериски аспект на многу лесно разбирлив и флуиден начин, а сепак суштински длабоки и значајни.

Изборот на формата – транскрипти на емисии е сосема невообичаен, но со намера. Прво, за да ја доловиме атмосферата на емисијата, а потоа да ја потенцираме нашата и сечија различност како доблест, а не како недостаток. Различноста секогаш носела промени, напредок и ширење на светогледот, а тоа беше и нашиот мотив за реализација на оваа книга. Да ви ја доближиме можноста дека секој од нас може да живее според својата различност, онака како што заслужува и како што природно му припаѓа.

Цена: 300 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач КупиКнига

Report an abuse for product Муабети за личен развој

Категории: ,
ИСБН: 978-608-66415-0-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Муабети за личен развој”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in