Најчитаните и најнечитаните колумни

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Најчитаните и најнечитаните колумни | Бр. на страни: 262 | Димензии: 21 | Корица: /

Пред тебе стои мојата книга Најчитаните и најнечитаните колумни. Главна причина да ги објавам во книга е тоа што веќе сигурно нема да се занимавам со политичка колумна. Впрочем, 35 години веќе непрекинато пишувам колумни, експериментирајќи со овој жанр, обидувајќи се да го оддалечам од вулгарно политичкото и да го доближам до здравото логичко мислење, личното толкување на фактите, до есеистиката, до сопствениот став и сопствената гледна точка. Денес колумната не само што се сведе на хистерично изразување исклучив став (кој читателот, дури и да е навистина личен став, веднаш го прогласува за партиски), туку стана и полигон за изразување интелектуална суета. Мене тоа не ми треба. Како ни висока читаност. Читаноста денес е пазарен критериум и јас веќе знам дека најпродаваното не значи по дефиниција и најдобро. Ќе бидам пресреќен доколку навистина, драг читателу, провериш што сè сум напишал во тоа бурно време, доколку внимателно процениш колку сум бил контрадикторен и каде сум се „лизнал“, а каде сум погодил некои нешта. Сума сумарум: ако критички ме исчиташ, без надворешни политички влијанија и предрасуди. Венко Андоновски

Цена: 350 ден

7 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Најчитаните и најнечитаните колумни

Категории: ,
ИСБН: 978-608-230-695-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Најчитаните и најнечитаните колумни”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in