Не одам никаде

Издавач: ИЛИ-ИЛИ | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Не одам никаде | Бр. на страни: 223 | Димензии: / | Корица: мека

Секогаш ќе стигаш во овој град. Нема брод за тебе, нема пат. Најновото прозно дело, збирката раскази „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска е своевидно продолжување и надоградување на веќе препознатливиот содржински и стилски раскажувачки манир на оваа современа македонска писателка. Оваа книга, составена од седум раскази, на извноредно прецизен и прониклив начин претставува остар и реалистичен, но истовремено суптилен и често трогателен приказ на современата македонска реалност. Имено, преку мајсторското прикажување на многу комплексни меѓучовечки односи – семејни, пријателски и професионални – авторката гради слика на македонското совремие, истовремено прикажувајќи како општеството со своите наметнати патријархални, но и политички и социо-економски матрици, се отсликува во најинтимните јадра на човековите релации. Заебележително е што во овие раскази преовладува темата на економската миграција и растурените меѓучовечки односи што таа ја предизвикува, како и комплексот на инфериорност кон западниот свет.

Цена: 350 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Или-Или

Report an abuse for product Не одам никаде

Категорија:
ИСБН: 978-608-2610-01-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Не одам никаде”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in