Не правете им сенка на гробовите
Автор:
Дијана Петрова
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
144 |
Димензии:
13х20
|
Корица:
/
Гнев, сладострастие, алчност, гордост, мрзливост, завист и ненаситност се седумте смртни гревови – страшните искушенија на човековата душа. Збирката „Не правете им сенка на гробовите“ од Дијана Петрова е обид да се натераат читателите да го забележат она што вообичаено им се искраднува од погледот. Преку отелотворувањето на седумте смртни гревови во тела и во дела, овие раскази длабоко допираат до нашите сетила и свест. Преку ликовите што се доведуваат на работ на лудилото се прикажува апсурдноста на постапките во животот и се поставува прашањето: дали тоа што смртта е неизбежна прави таа да биде нелогична?
Оценки
Сѐ уште нема оценки.