Нечесна игра

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Нечесна игра | Бр. на страни: 242 | Димензии: 21 | Корица: мека

Викторија и Филип работат како дизајнери во конкурентски фирми за изработка на мебел. Одеднаш, судбината или случајноста си поигруваат со нив, па во истата недела двајцата добиваат наредба од нивните шефови „да се зближат“ со конкурентскиот дизајнер и да ги украдат скиците за претстојниот саем за мебел, бидејќи тоа е најважниот настан и период за сите фирми за мебел во државата. Немајќи друг избор, тие неволно се согласуваат затоа што не сакаат да ја изгубат работата. Така започнуваат да се гледаат и двајцата размислуваат за начини како да го спроведат планот и да дојдат до целта. Но помеѓу нив почнува да се раѓа нешто сосема друго… Во меѓувреме, сестрата на најдобрата пријателка на Викторија случајно дознава за планот и бидејќи не е во добри односи со својата постара сестра, решава да не дозволи тој да остане во тајност. Конците почнуваат да се замрсуваат и работите стануваат сè покомплицирани кога во оваа нечесна игра влегуваат куп емоции.

Цена: 300 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Нечесна игра

Категории: ,
ИСБН: 978-608-4741-10-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Нечесна игра”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in