Нема, и нека не ни има

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Nincs, és ne is legyen | Бр. на страни: 164 | Димензии: / | Корица: тврда

Нема, и нека не ни има ја разоткрива секојдневната драма на сложените семејни и човечки врски во кои единката треба да се снајде и да преживее. Преку личните приказни, Едина Сворен со богата палета го портретира и современото унгарско општество, носејќи го читателот на прошетка низ секојдневниот живот на Будимпешта, градот кој ги обединува приказните во книгата. Малите ликови како да се изгубени во лавиринтите на големиот, безличен град. Нивните навидум незначајни приказни, создадени под товарот на апсурдот, ја носат во себе самоиронијата на преживеаните. Спонтано раскажани и полни со ноншалантен хумор, детално откривајќи ни ја мапата на меѓучовечките односи, тие истовремено умеат и да заболат. Сите приказни во книгата се фокусираат на семејството – централната сцена која обезбедува модел за нашите животи, без разлика дали се бориме на таа сцена или само набљудуваме отстрана. Тоа им дава на приказните богата атмосфера во која секојдневниот реализам е успешно комбиниран со иронијата и апсурдноста, без да ги претвори ликовите и ситуациите во стереотипи, туку давајќи им сложеност и нудејќи длабока анализа на емоциите и размислувањата на современиот Европеец. Нема, и нека не ни има ја доби Наградата за литература на Европската Унија во 2015 година.

Цена: 250 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Нема, и нека не ни има

Категории: ,
ИСБН: 978-608-230-598-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Нема, и нека не ни има”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in