Непокорниот живот на Вуди Ален

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: The unruly life of Woody Allen: a biography | Бр. на страни: 512 | Димензии: / | Корица: мека

„Непокорниот живот на Вуди Ален“ е првото независно истражување на животот на еден од најславните, исклучителните и восхитувачки филмски режисери на нашата ера. До оваа книга, малку нешта од животот на Вуди Ален испливуваат на површината во јавноста. Причината е тоа што Вуди ги смета биографите за ебола, за опасни, неконтролирано заразни штетници по неговото професионално постоење. Исклучителните постигнувања на овој уметник се неспоредливи во кинематографската историја. За обожавателите, неговите филмови секогаш претставуваат тековна автобиографија, преку кои тој ја соголува пред светот својата себеомаловажувачка, преаналитичка душа. Мерион Мид успева да стапи во контакт и да реализира интервјуа и разговори со луѓе блиски на Вуди Ален, а кои дотогаш биле недостапни за неговите биографи: маалски другари, соседи и наставници од Бруклин, колегите Бади Хакет и Мел Брукс од времето кога Ален работи како стенд ап комичар и телевизиски сценарист, актерите Морин Степлтон, Макс фон Сидов и Боб Хоуп, режисерот Сидни Полак, филмските критичари кои со децении ја следат неговата работа – Винсент Канби, Роџер Еберт, Стенли Кауфман, Ендрју Сарис и Џон Сајмон. Исто така, таа издвојува многубројни примери од неговото дело, според кои уметноста го имитира животот, особено поврзани со сагата зад бракот со посвоената ќерка на неговата долгогодишна љубов, Миа Фароу.

Цена: 750 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Непокорниот живот на Вуди Ален

Категорија:
ИСБН: 978-608-259-325-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Непокорниот живот на Вуди Ален”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in