Невидлива жена и други раскази

Издавач: Антолог | Јазик: македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Nevidljiva žena i druge priče | Бр. на страни: 160 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Дали со староста стануваме невидливи, што се случува со нашите тела, со нашиот однос кон другите и – уште поважно, со односот на другите кон нас? Мрежите што ги плетеме цел живот одеднаш стануваат тенки и кревки. Преку шеснаесет раскази во оваа книга Дракулиќ раскажува за меѓучовечките односи, за релациите меѓу родителите и децата, за заминувањето, исчезнувањето, заборавањето, болеста, срамот и болката, за најдлабоките чувства за кои не се осмелуваме да зборуваме.

Длабоко емотивно, без задршка, раскажува за искуството при распаѓањето на животот. Катарзична, ослободувачка, удира во плексусот на современието. Секој расказ посебно му влегува на читателот под кожа, терајќи го да застане, да размисли за себе и за другите, да биде шокиран, да заплаче, да се препушти и на емоциите и на разумот. Книга што уште еднаш докажува дека само литературата може да зборува за неизречливото!

„Невидлива жена и други раскази“ е добитник на наградата „Букстар“ за 2018 година.

Цена: 250 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Невидлива жена и други раскази

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-318-9

Questions and Answers

You are not logged in