Низ лавиринтите на книжевното писмо

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Низ лавиринтите на книжевното писмо | Бр. на страни: 340 | Димензии: 200 х 140 | Корица: мека

Оваа книга содржи анализи и интерпретации на семиотичките лавиринти на книжевно-уметнички дела на автори од современата македонска книжевност и на две компаративни студии и два осврта за книги на странски автори. Тоа се анализи, толкувања и осврти на книжевни дела кои оставиле значајни траги во литературата и коишто предизвикале интерес кај книжевната критика и кај читателите. Повеќето трудови се посветени на познати македонски автори, како што се Блаже Конески, Славко Јаневски, Ташко Георгиевски, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Петре Бакевски, Георги Сталев, Радован П. Цветковски, Драги Михајловски, Венко Андоновски, но и неколку текстови за автори од помладите генерации. Книгата содржи и неколку трудови коишто претставуваат еманација на книжевните врски на македонската културна средина со други национални книжевности и култури, а во кои се интерпретираат книжевни и книжевно-научни дела на неколку автори – Михаил Булгаков, Горан Калоѓера, Стјепан Томаш и Етгар Керет.

Цена: 250 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Низ лавиринтите на книжевното писмо

Категории: ,
ИСБН: 978-608-252-175-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Низ лавиринтите на книжевното писмо”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in