Ноќта кога ја напуштив Прага

Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Ноќта кога ја напуштив Прага | Бр. на страни: 228 | Димензии: 20 | Корица: мека

Напуштајќи го нејзиниот роден град, Ингрид со себе го зема само нејзиниот син, знаејќи дека тоа е единственото нешто кое ѝ преостанало. Додека ги собира спомените од нејзиното минато кои ѝ го гребат срцето, налетува на човек кој го разбранува и најмалото парче љубов што останало во неа. Гледајќи да направи сѐ за иднината на нејзиниот син, Ингрид е подготвена да го прегази и споменот на нејзиниот починат сопруг. Во пресрет на новата љубов и катастрофата која го зафаќа светот, Првата светска војна, освен во историјата, ќе стави точка и на кулминацијата во нејзиниот живот. Приказна од времето на аргатувањето, истрелите на куршумите и жртвите што ги носи војната со себе, па сѐ до времето на создавањето на Чехословачката Република и влијанието на Коко Шанел во борбата на жената за нејзините човечки права. Ова е приказна за една мајка која се бори за нејзиниот син, за нејзината љубов, што го добива заслуженото место на страниците во една од илјадниците приказни кои се незапишани низ историјата на политиката и злото, модата и џезот, аргатлукот и аристократијата, и љубовта како жртва на светскиот крвав хаос.

Цена: 350 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Ноќта кога ја напуштив Прага

Категории: , , ,
ИСБН: 978-608-262-014-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Ноќта кога ја напуштив Прага”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in