Обоени спомени

Издавач: Софија принт | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Colored memories | Бр. на страни: 140 | Димензии: 21 | Корица: мека

Colored Memories | Oбоени Спомени е прва интерактивна едукативна боенка за Македонија наменета за млади и возрасни лица. Боенката содржи 140 страни од кои 59 илустрации поддржани со текст на македонски и англиски јазик. Илустрациите и текстовите ве едуцираат за културното и историското наследство на земјата, а боењето на секој од цртежите ја буди креативноста, го смирува умот и намалува стресот. Воедно, таа претставува и туристички водич низ регионите преку кој се опишани јазикот, обичаите, традицијата, природните богатства и убавините на Македонија. Она што ја прави боенката уникатна е интерактивната содржина на повеќе страници: раскажувачот на спомени, разгледницата, персонализираниот цртеж со простор за вашата фотографија и играта меѓу илустрациите. Оваа боенка претставува спој на спомени на сите кои живеат во Македонија, но и на оние кои ја посетиле или сакаат да ја посетат оваа држава. Боенката е наменета за некој кој ја сака уметноста или истражувањето, за некој кој му треба релаксирање од учење или работа, за некој кој сака да бои и чита пред спиење или за оние кои сакаат да имаат едиција на спомени од Македонија. Ова издание е одлично за да го имате во вашата библиотека или да го изберете за подарок.

Цена: 550 ден

2 на залиха

Спореди

Report an abuse for product Обоени спомени

Категории: ,
ИСБН: 978-608-4756-30-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Обоени спомени”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *