Очите на кожата

Издавач: ИКОНА | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: The Eyes of the Skin | Бр. на страни: 128 | Димензии: 126 x 196 mm | Корица: мека

Првпат објавена во 1996 година, Очите на кожата, стана класика во архитектонската теорија. Го поставува далекусежното прашање, зошто едно единствено сетило, кога постојат пет сетила – гледањето - станало толку доминантно во архитектонската култура и дизајн? Со надмоќ во дигиталната и насекаде присутната употреба на електронската слика, тоа е тема која станала итна и примарна од првото издавање на публикацијата кон средината на 1990-тите. Јухани Паласмаа дискутира дека потиснувањето на другите четири сензорни области нè довела до општо осиромашување на нашата околина, често со намалување на акцентот на просторното искуство во градењето и архитектонската способност да инспирира, ангажира и целосно да го подобри животот.

За секој студент што првпат го проучувал Паласмаа, Очите на кожата е откровение. Тоа е убедливо целосно освежување во архитектонската култура. Третото издание ја исполнува желбата на читателот за понатамошно разбирање на контекстот на размислувањето на Паласмаа, со обезбедување на нов есеј од архитектонскиот автор и предавач Питер Меккит. Овој текст го комбинира биографскиот портрет на Паласмаа, со преглед на неговото архитектонско размислување, неговите корени и неговата врска со поширокиот контекст на нордиската и европската мисла, минато и сегашност. Фокусот на есејот е на основите на човештвото, внатрешноста и чувствителноста на пристапот на Паласмаа кон архитектурата, носејќи го поблиску до читателот. Илустрирана е со цртежите и фотографиите на Паласмаа од неговата работа. Новото издание, исто така, обезбедува предговор од меѓународно познатиот архитект Стивен Хол и ревидиран вовед од самиот Паласмаа.

Јухани Паласмаа е еден од најистакнатите фински архитекти и архитектонски мислители. Неговите претходни работни места вклучуваат: ректор на Институтот за индустриски уметности, Хелсинки; директор на Музејот на финската архитектура, Хелсинки; и професор и декан на Факулетот за архитектура, Хелсинки Универзитет по технологија. Тој, исто така, како професор гостувал и предавал на неколку универзитети во светот. Паласмаа е автор/уредник на повеќе од триесет книги, вклучувајќи ја Очите на кожата: Архитектура на сетилата (Academy, 1995 and John Wiley & Sons, 2005), Мислечката рака: Егзистенцијална и отелотворена мудрост во архитектурата (John Wiley & Sons, 2009) и Отелотворена слика: Имагинација и слики во архитектурата (John Wiley & Sons, 2011).

Питер Меккит продекан и вонреден професор по архитектура на Сем Фокс школата за дизајн и уметност, Универзитет Вашингтон во Сент Луис. Тој држел академски позиции и работел на практикување на дизајн во Финска и Соединетите Американски Држави и пишувал и предавал за финската и нордиската архитектура.

Цена: 299 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач ИКОНА

Report an abuse for product Очите на кожата

Категорија:
ИСБН: 9786082213811

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Очите на кожата”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in