Оди, пред да те засакам многу

Издавач: Прозарт Паблишинг | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Git kendini çok sevdirmeden | Бр. на страни: 232 | Димензии: 20 см | Корица: /

Оди, пред да те засакам многу (2002 г.) е за оние на кои им е познато и љубењето и заминувањето. Носталгија, љубовни разочарувања, брак, тага на предоцното сфаќање еден со друг и борбата да се преживее и покрај болката… Првиот роман на Туна Киремитчи ја раскажува приказната на Арда Акад, којашто откако во несреќен случај го губи синот, се засолнува во куќата на својата мајка во Ескишехир. За нејзиното навраќање на годините од нејзината рана младост во родниот дом и повторното искрснување на момчето кое е јунак на нејзината прва љубовна приказна, дваесет и три години подоцна… Романот предизвика огромен интерес во Турција и важи за еден од најважните книжевни настани во годината кога се објави. Авторот Туна Киремичи е роден 1973 година во Ескишехир и од најрана возраст почнува да се занимава со поезија и музика. Во периодот кога се оддалечува од музиката го напишал својот прв роман „Оди, пред да те засакам многу“, а потоа следуваат романите: „Во оваа работа има некаква осаменост“, „Тројца на пат“, „Молитвите се постојани“, „Сладолед за малечкото“, „Есен во Солун“, „Љубовен проблем“, „Аеродинамичките проблеми на летачките килими“ и „Оној што сам се сака, не плачи“. Некои од овие романи ги адаптирал во филмско сценарио или театарски претстави. Како писател инспирација му се трагедиите на обичните луѓе, дилемите на машко-женските односи во општеството и меланхолијата на стареењето. Сите овие инспирации ги користи за креирање и тажни и среќни концепти и е под влијание на таканаречената „романтична иронија“ во турската литература. Неговите романи се преведени и објавени на 16 јазици. Како дипломиран филмски режисер потписник е на неколку краткометражни филмови и еден игран долгометражен филм. Еден период се занимава и со новинарство. Во 2016 година изјавува дека става крај на својата кариера на писател и дека ќе продолжи да се занимава само со музика и поезија. Освен за себе, пишува текстови и компонира музика и за многу познати турски музички ѕвезди.

Цена: 290 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Прозарт Медиа

Report an abuse for product Оди, пред да те засакам многу

Категории: ,
ИСБН: 978-608-256-063-2

Questions and Answers

You are not logged in