Преглед на кошничка “Голтач на души” e додадена во Вашата кошничката

Огнениот ангел

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Ognennyî angel | Бр. на страни: 394 | Димензии: 14x21 | Корица: мека

Еден од најмистериозните руски романи, „Огнениот ангел“ на Валериј Брјусов во исто време претставува автобиографско, мистично и историско дело, своевидно житие на окултистите што трагаат по скриени знаења, но и приказна за еден љубовен триаголник од реалниот живот, вткаена во текстот на романот. „Огнениот ангел“ не е само историски роман, тоа е роман за кој историјата претставува претекст и материјал за љубовна драма и драма поврзана со таинствени пројави на природните сили и човечката психа. Во исто време, тоа е роман за спознавањето, затоа што љубовта е секогаш спознавање, секогаш пат кон повисоката смисла. Во романот, љубовното познавање е поврзано со спознавањето на демонските и божествените сили, спознавање по секоја цена, дури и по цена на загуба на душата. Во служба на таа задача, романот прибегнува кон љубовта, историските факти, судбината на одделни лица и историски личности, позитивната филозофија и окултните науки. „Огнениот ангел“ е плод на соединување на извонредно силен талент со извонредно богатата ерудиција, тоа е повест распламтена од огнот на вдахновението и творештвото, а што во исто време се сокрива под оклопот на научниот објективизам.

Цена: 400 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Огнениот ангел

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-060-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Огнениот ангел”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in