Огнениот ангел

Original title: Ognennyî angel | Num. of pages: 394 | Dimensions: 14x21 | Cover: /

Еден од најмистериозните руски романи, „Огнениот ангел“ на Валериј Брјусов во исто време претставува автобиографско, мистично и историско дело, своевидно житие на окултистите што трагаат по скриени знаења, но и приказна за еден љубовен триаголник од реалниот живот, вткаена во текстот на романот. „Огнениот ангел“ не е само историски роман, тоа е роман за кој историјата претставува претекст и материјал за љубовна драма и драма поврзана со таинствени пројави на природните сили и човечката психа. Во исто време, тоа е роман за спознавањето, затоа што љубовта е секогаш спознавање, секогаш пат кон повисоката смисла. Во романот, љубовното познавање е поврзано со спознавањето на демонските и божествените сили, спознавање по секоја цена, дури и по цена на загуба на душата. Во служба на таа задача, романот прибегнува кон љубовта, историските факти, судбината на одделни лица и историски личности, позитивната филозофија и окултните науки. „Огнениот ангел“ е плод на соединување на извонредно силен талент со извонредно богатата ерудиција, тоа е повест распламтена од огнот на вдахновението и творештвото, а што во исто време се сокрива под оклопот на научниот објективизам.

Price: 400 ден

5 in stock

Compare
Sold By Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Огнениот ангел

Category:
SKU: 978-608-230-060-3

Издавачки центар ТРИ

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Огнениот ангел”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in