Организациско однесување (основи) – Душан Николовски
Автор:
Душан Николовски
Издавач:
Меѓународен центар за славјанска просвета |
Јазик:
македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
Организациско однесување (основи) |
Бр. на страни:
392 |
Димензии:
20х27
|
Корица:
мека
Структурата на учебникот е работена според наставната програма на Факултетот за економија и организација на претприемништвото при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, проширена со сознанијата за современите трендови во менаџментот. Иако првенствено е наменетa за потребите на студентите, оваа книга може да биде корисна и за пошироката стручна јавност. Поаѓајќи од фактот што претпријатието (организацијата, компанијата, друштвото), претставува сложен систем во функционирањето на секое општество, структурата и содржината на претставените теми во овој учебник се обработени за да бидат корисни за потребите на студентите, претприемачите и за други целни групи. Секое основно поглавје содржи низа тези, табели, дијаграми и студии на случаи, со цел да се создадат основи за сфаќање на реалностите на оваа проблематика. Квантитетот и квалитетот на презентираната содржина овозможува навлегување во суштината на концептите за градење на современите организациски однесувања. Така, обработените содржини овозможуваат претпоставки за постигнување и на повисоки цели од посочените.
Questions and Answers
You are not logged in