Островот Сахалин

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Остров Сахалин | Бр. на страни: 422 | Димензии: 21 см | Корица: /

Северна Кореја прва го зададе ударот, а САД не го остави ударот без одговор, така што избувна Третата светска – нуклеарната војна. Цивилизацијата е уништена после неколкумесечната размена на атомски експлозии. Оние што ја преживеаја војната, со голема брзина се претвораат во зомби од вирусот МОБ, што дејствува за неколку секунди.

По некое чудо, Јапонија преживеа. Тоа е последното засолниште на цивилизацијата, каде што сè уште има неконтаминирани ресурси за храна и вода, наука, индустрија, дури и уметност.

Островот Сахалин служи како зона помеѓу Јапонија и уништената Евроазија, која што е вистински пекол од инфицираната популација.

Сахалин е мала и ужасно пренаселена територија со милиони Кинези и со помалку привилегираните Корејци и Американци, кои ги плаќаат гревовите на нивните предци што ја започнаа големата војна. Сахалин е територија од кошмарни затвори и логори.

Сирењ е привлечна и убава синоока девојка, футуролог и ќерка на Русинка и Јапонец со висок ранг. Таа добива задача да ги проучува условите во затворите и логорите и економската ситуација на островот. Нејзиниот професор верува дека Сахалин во неговите екстремно критични услови, можеби е територијата каде што се обликува иднината. Со нејзиното пристигнување на островот, Сирењ, добива помош од професионален убиец. Артјом ќе ѝ се придружи и ќе ја штити. Нивната мисија на островот е пеколно опасна…

НОВ, НАУЧНОФАНТАСТИЧЕН РУСКИ БЕСТСЕЛЕР
Едуард Веркин е роден во Воркута, на северот на Русија, во 1975 година. Тој студирал историја и право на Државниот универзитет во Сиктивкар. После дипломирањето предавал социјални студии во средно училиште. Во 2003 Веркин започнал да студира креативно пишување на Институтот за литература „Горки“ во Москва. Има напишано повеќе научно фантастични серии и романи, фантазија за деца. Тој е еден од најзначајните модерни руски писатели за деца.
Островот Сахалин е неговиот прв роман за возрасни.

Цена: 430 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Островот Сахалин

Категории: ,
ИСБН: 978-608-253-157-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Островот Сахалин”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in