Отсечки стварност

Publisher: Бегемот | Language: Македонски | Year: 2019
Original title: Отсечки стварност | Num. of pages: 105 | Dimensions: 185x120 | Cover: /

„Отсечките стварност“ обично се случуваат среде секојдневието, кое на прв поглед се чини банално. Но, Здравески успева да ни ги укаже пукнатините во реалноста, кои претставуваат влез во непредвидливи, можеби и опасни лавиринти. Со тон што не е врескачки, туку сталожен, со проникливост и интуитивност, со смелост да се ѕирне и во мрачните ќошиња на човековиот дух, авторот создал еден вид медитации на подвижна лента, успевајќи во невозможното – да изваја мали парчиња смисла среде сеопштата врева на современоста од која никој не е поштеден. Притоа, микроскопскиот поглед врз светот служи како алатка за проникнување во длабоките тајни на човечката егзистенција. Но, не сите парчиња се натопени во истиот контемплативно-медитативен тон. Користејќи го хуморот, понекогаш на граница на црниот хумор, бизарноста, апсурдот, очудувањето преку врската со детството и детскиот поглед на светот, авторот создава текстови што се исто така епифанични, само што овој пат до епифанијата се доаѓа по сосема друг пат и на друг начин. Иван Шопов

Price: 150 ден

12 in stock

Compare
Sold By Бегемот

Report an abuse for product Отсечки стварност

Category:
SKU: 978-608-4869-19-1

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Отсечки стварност”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in