Паралел

Original title: Паралел | Num. of pages: 177 | Dimensions: 20 см | Cover: /

Втората книга на авторката Верица Ацеска повторно носи езотеричен наслов „Паралел“, и повторно, како и во првата „19“, насловот сугерира многу различни потенцијали, но, впечатливо ја крие својата содржина. Напишана поблизу до стилските експресии на филмските автори, фокусирана на човечките судбини, притоа водејќи се од линијата на тоа дека светот функционира според одредени правила во таканаречената „божја компензација“, оваа книга (роман, новела, сторија) пред нас како читатели прикажува неколку денешни/современи ликови, напишани според животните случувања како директни, живи, релјефни партитури, што многу ретко се сретнуваат низ нашата книжевна практика. „Паралел“ е животна приказна, каква што се случува околу нас, нам или на луѓето што ги знаеме, која се обидува сите оние проблематични карактерни особини „да ги оправда“ со позадинската приказна, токму онака како што е тоа и во животот. Напишана без осудување, без директно заземање за одреде¬на судбина, без конкретно наративно водење, туку искрено, изворно, внимателно и остро прецизно со директни рела-ции, какви што милуваат сериозните филмски наративи, оваа книга е новина, свежина, насушна за денешните чита¬тели. Истовремено силна психолошки, но непретенциозна, современа и директна, втората книга на Верица Ацеска покажува дека македонската книжевност има потреба од вакви автори.

Price: 250 ден

49 in stock

Compare
Sold By Прозарт Медиа

Report an abuse for product Паралел

Categories: ,
SKU: 978-608-256-070-0

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Паралел”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in