Перфектна хемија

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 366 | Димензии: 21x13 | Корица: мека

Една осумнаесетгодишна матурантка со внимателно создаден „перфектен“ живот. Со перфектна маска, со перфектен изглед, со „перфектно“ семејство, со перфектно момче, со група најдобри пријатели, со ветувачка иднина, со беспрекорна репутација. Или барем така мислат оние околу неа... Едно осумнаесетгодишно лошо момче со ужасно минато и уште помрачна иднина, со група пријатели бандити, со семејство кое зависи од него, со куп проблеми и без страв. Тој нема соништа, нема амбиции, нема цели затоа што и покрај тоа што има потенцијал, Алекс е свесен дека таквите како него никогаш не стигнуваат далеку... Еден важен проект по хемија кој ги спојува како партнери и еден облог дека лошото момче може да ја освои добрата девојка кој ги поврзува во игра. Но оваа игра е како игра со оган - колку и да е забавно и изгледа безопасно, ако премногу му се приближиш, огнот ќе те изгори и ќе остави лузни. Она што Британи Елис не го знае е дека нејзината маска и „перфектен“ живот ќе почнат да ѝ се распаѓаат пред очи. Она што Алекс Фуентес не го знае е дека Британи не е само арогантна популарна девојка, туку вистинска личност со вистински проблеми која ќе го натера да стави точка на лошиот живот кој досега го живеел и да побара нешто повеќе од својата иднина. За сите млади кои сè уште го бараат својот пат, за оние кои не се чувствуваат добро во „својата кожа“ која им е наметната од други, за сите кои се чувствуваат помалку вредно и важно од останатите, за сите на кои им е потребна инспирација, за сите кои бараат уживање и позитивна енергија, за сите кои бараат одобрување за своите постапки, а длабоко во себе не им е потребно, за сите кои веруваат дека не е лесно да се обидуваш да бидеш совршен, за сите кои веруваат дека класните разлики не можат да ги разделат луѓето и не можат да направат разлика во големината на љубовта... За сите оние на кои им се допадна „Три метри над небото“... Интернационално популарен роман за млади со 4 освоени награди.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(7 оценки на корисници)

Цена: 380 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Перфектна хемија

Категорија:
ИСБН: 978-608-4672-05-0

7 оценки за Перфектна хемија

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  3. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  4. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

    Prekrasna kniga

  5. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

    Навистина прекрасна книга и, не само за млади, туку и за постарите како мене. Ми се допаѓа што главните ликови се истрајни до крај, решителни и достоинствени.

  6. Rated 5 out of 5

    Vesna Pesheva Jankovski (верификуван корисник)

  7. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in