Песната на речните птици

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Before we were yours | Бр. на страни: 390 | Димензии: / | Корица: мека

Книгата е базирана на вистинска приказна за еден од најморничавите светски скандали во кој директорка на здружение на сиропиталишта киднапирала и продавала сиромашни деца на богати семејства низ цела Америка. Мемфис, 1939. Дванаесетгодишната Рил Фос и нејзините четири помали сестри и братче имаат прекрасен живот на нивниот семеен брод-куќа на реката Мисисипи. Но една вечер, за време на страшна бура, кога татко им мора да ја однесе нивната мајка во болница и ја оставаат Рил како најголема да ги чува помалите деца, одеднаш се појавуваат непознати луѓе. Децата од семејството Фос се нагло и злобно оттргнати од сè што им е познато и завршуваат во сиропиталиште. Иако таму ги уверуваат дека наскоро ќе бидат вратени кај нивните родители, тие набрзо ја сфаќаат мрачната вистина. Соочена со злобата на директорката на институцијата, Рил се бори да не дозволи нејзините сестрички и братче да бидат разделени. Јужна Каролина, сегашност. Ејвери Стафорд е родена во богато и привилегирано семејство, па има сè што може да посака: успешна кариера како обвинител, згоден вереник и раскошна свадба на повидок. Но кога Ејвери се враќа дома за да му помогне на татко ѝ во здравствена криза, една случајна средба ѝ буди рој прашања и ја тера да започне патување низ долго криеното минато на нејзиното семејство. Оваа прекрасна приказна на Лиса Вингејт ни покажува дека иако животните патишта можат да нè однесат на многу различни места, срцето никогаш не заборава каде припаѓаме.

Цена: 450 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Песната на речните птици

Категорија:
ИСБН: 978-608-260-009-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Песната на речните птици”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in