Писма од карантин

Издавач: Слово | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Писма од карантин | Бр. на страни: 135 | Димензии: 20 | Корица: /

Димитар Башевски, еден од нашите најистакнати писатели, не само кај нас туку и пошироко афирмиран романсиер, раскажувач, поет, на книжевната публика, сега одново, ѝ предлага една особена книга. Се работи за писма-есеи, објавувани во текот на месеците на пандемијата кога, затрупани од дневните непријатни вести за вирусот и вести од дневно-политичка природа, авторот сакал да го сврти вниманието на публиката кон други, сосем поразлични теми, и читателите, макар за кратко, ги оддалечи од преокупираноста со епидемијата, кон нешта потрајни, повозвишени и поблагородни од болеста што, во нови, позастрашувачки и потрагични плими, не престанува сѐ поопасно, веќе судбоносно да го преплавува светот. Овој ракопис, поттикнат од една стихија, неа самата – директно неспомната – на елиптички начин неа ја содржи длабоко во себе. Во тој контекст, накратко речено, се настанати овие писма на Димитар Башевски, исполнети до дух и со размисли за суштествените нешта.

Цена: 200 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Слово

Report an abuse for product Писма од карантин

Категории: ,
ИСБН: 978-608-4656-68-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Писма од карантин”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in