Пластично трособје

Издавач: Артконект | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Umělohmotný třípokoj | Бр. на страни: 152 | Димензии: 14×20 cm | Корица: /

Една чешка сексуална работничка решава со читателот на овој роман да ги сподели своите размислувања за професијата што ја работи, за стареењето, за влијанието на новите технологии врз сексот и за суштината на материјализмот. Својот светоглед го пренесува преку скици за сценарио за документарна телевизиска серија, за која искрено и наивно сонува дека еден ден ќе биде снимена. Исполнувајќи го површното секојдневие на својата протагонистка со фетишизам, насилство, хумор и чуден, ама неочекувано успешен, спој од вулгарен и поетски јазик, Петра Хулова на само стотина страници успева да создаде свет во мало преку текот на свеста на својот лик. Пластично трособје е една од најнаградуваните современи чешки книги: последно во низата признанија е наградата на Англискиот ПЕН центар за најдобар превод во 2017 година.

Цена: 280 ден

1 на залиха

Спореди
Продавач Артконект

Report an abuse for product Пластично трособје

Категории: ,
ИСБН: 978-608-4852-08-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Пластично трособје”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in