Преглед на кошничка “Не правете им сенка на гробовите” e додадена во Вашата кошничката

Под притисок

Издавач: Блесок | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Pod pritiskom | Бр. на страни: 428 | Димензии: 140x200 | Корица: /

Кај Шехиќ нема непотребни толкувања, лажни морализирања, какви било обиди на неупатените од високо да им се појаснат некои работи, а политичка коректност нема ни меѓу редови... Едноставно, нему тоа не му треба. Тој за војната знае сè зашто ја искусил на сопствената кожа. Нема во оваа книга сезнаен, божествен поглед одозгора; Шехиќ буквално ја опишува војната од перспективата на нишан на калашников. Затоа, оваа книга е брутална, натуралистичка, чесна и бескомпромисна. Неговите ликови гинат и убиваат, пљачкосуваат трупови, куќи, се опиваат, предизвикуваат тепачки, парадираат пред огледало во униформа симната од мртов војник, што е сцена достојна на антологиската филмска сцена од „Таксист“ на Скорсезе (тоа е сцената кога ветеранот пред огледало вади пиштол и го изговара легендарното Are you talking to me?!). Понатаму, дрогата и алкохолот кружат во големи количества, и тие се тука, парадоксално, како последна одбрана на здравиот разум. Но, што е уште поважно, Шехиќ со тој парадокс не зборува толку за ликовите, колку за времето во кое тие живеат. Алкохолот и дрогите се тука како средство за бегство во подобра, паралелна стварност, за бегство во илузија на животот. Според книжевната постапка, Шехиќ им е најблизок на Бабел и Хемингвеј. Како во Бабеловата „Црвена коњица“, и кај Шехиќ бруталностите и натурализмот како на филмска лента се менуваат со фини лирски опсервации, што има разорен ефект врз читателот. Јосип Млакиќ

Цена: 250 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Блесок

Report an abuse for product Под притисок

Категорија:
ИСБН: 978-9989-59-361-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Под притисок”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in