Преглед на кошничка “Невидлива жена и други раскази” e додадена во Вашата кошничката

Покорувајќи го војводата

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Bringing down the duke. | Бр. на страни: 328 | Димензии: 21 | Корица: тврда

Таа ја ризикува својата иднина за него, а тој го губи своето место во историјата заради неа.

Англија, 1879 година. Анабел Арчер, брилијантната но сиромашна ќерка на селскиот викар, се изборува за место во првата група студентки на Оксфорд. За да возврати за добиената стипендија, мора да го поддржува движењето за глас на жените. Нејзина должност: да ги придобие мажите да се залагаат за женските права. Нејзина цел: Себастијан Деверо, студениот и тврдокорен војвода од Монтгомери кој ја води британската политика под контрола на кралицата. Нејзин предизвик: да не попушти пред моќната привлечност на војводата, која е невоможно да се игнорира.

Но ниту тој не може да остане рамнодушен, колку и да се убедува дека му е потребна сопруга со ист социјален статус и со наследство. Умешниот стратег потклекнува пред зелонооката Анабел...

Растргната меѓу љубовта и волјата за слобода, Анабел ќе открие што е потребно за да се покори еден војвода.

„Данмор го доловува духот на ерата со блескава живост, разбивајќи ги стереотипите за викторијанска Англија, запознавајќи нè со група извонредни жени кои одбиваат да живеат како случајни минувачи во своите животи.“
Ентертејмент викли

„Шармантно, заводливо и апсолутно возбудливо – токму како што треба да изгледа една историска романса!“

Цена: 500 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Покорувајќи го војводата

Категории: ,
ИСБН: 978-608-230-818-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Покорувајќи го војводата”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in