Полноќен Boogie

Издавач: ИКОНА | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Ponoćni boogie | Бр. на страни: 140 | Димензии: 129 x 198 mm | Корица: мека

Полноќен Boogie, првпат објавена во 1987 г. стана култна книга на цела една генерација. Презирањето на официјалната култура и на нормативното живеење, го поттикнало Поповиќ да го избере меланхоличното стојалиште на вечен лузер на наизглед „грубото момче“, во нужното пливање низ неинституционализираното, па и алтернативното „подземје“: низ безброј произволни, едноноќни врски и груби гестови, низ пиво и обожување на своите филмско- литерарни јунаци... Многу литерарни факти во оваа проза имаат и автобиографско потекло, па според тоа, многу одлики коишто му се припишуваат на пр. на Буковски, би можеле да бидат одлика и на кратката проза на Поповиќ: недоверба во теорискиот дускурс, во идеологизираните ветувања, во безначајните зборови, и на друга страна: бескрајната желба сè да се земе во сопствените раце, да се искуси, да се проживее и на тој начин да се провери.

Цена: 199 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач ИКОНА

Report an abuse for product Полноќен Boogie

Категорија:
ИСБН: 9786082210711

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Полноќен Boogie”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in