ПОСЛЕДНА ГРАНИЦА книга прва (Истапени сечила)

Издавач: ПНВ Публикации | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: ПОСЛЕДНА ГРАНИЦА книга прва (Истапени сечила) | Бр. на страни: 454 | Димензии: 210x140 | Корица: мека

Нова, единствена научнофантастична авантура од авторот на „Сага за Тројство“ – Зоран Милошевски. Во првата половина на 22. век, демократијата како облик на општествено уредување веќе одамна не постои и заменета е со неократија, милитаристичко општество, чијашто главна и единствена цел е да се зачува планетата Земја и да се поттикне човековата еволуција. Во времето кога во Европа и Африка царува наследникот на античката Римска империја – моќната Медитеранска Унија, кога Азија ја делат Сесловенскиот сојуз и Синг Федерацијата... кога Јужна Америка е една огромна држава, а од пеплиштата на некогашните САД, се издига молчаливиот Тексашко-алигенски сојуз, во архипелагот острови кај некогашно Чиле, се раѓаат Големите Куќи. Анести Симон Рико, младиот центурион и поданик на Големата Куќа Рико, ќе се најде во беспоштедна борба за својот и животот на неговите најмили. Борба против останатите Големи Куќи и мистериозното Братство на Интервентите, коешто има свои планови за иднината на човештвото. Борба што ќе ја измени историјата и ќе им даде сосема поинаков тек на настаните. „Последна граница: Истапени сечила“ е првиот дел од научно фантастичната авантура, раскошен роман во кој се среќаваме со многу (одлично изградени) ликови, со податливи слики што до најситен детаљ ни го доловуваат овој свет од блиската, но сепак, недостижна иднина, свет со свои уметници и дури и автори чиишто дела се цитираат, со многу набој, разни психолошки состојби, експлозивна акција, беспоштедни битки и блицкриг војни... Зрела и комплетна приказна создавана цели дваесет години. Авантура што целосно ќе Ве обземе и нема да Ви дозволи да мислите на ништо друго, освен на нејзиното продолжение... *** „Војводата Анести Симон Рико претендира да стане еден од најмаркантните ликови сретнати досега во научната фантастика!“ Дејан Величковски (автор на романот „Втор откос“)

Цена: 400 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач ПНВ Публикации

Report an abuse for product ПОСЛЕДНА ГРАНИЦА книга прва (Истапени сечила)

Категории: ,
ИСБН: ISBN 978-608-265-001-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “ПОСЛЕДНА ГРАНИЦА книга прва (Истапени сечила)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in