Преглед на кошничка “Живот без крај” e додадена во Вашата кошничката

Последната девојка

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: The Last Girl: My Story of Captivity, and My Fight Against the Islamic State | Бр. на страни: 308 | Димензии: 13x20 | Корица: /

НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР ЗА 2018 ГОДИНА. ТРОГАТЕЛНА ИСПОВЕД НА НЕКОГАШНАТА ЗАРОБЕНИЧКА НА ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА. ИНСПИРАТИВНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА НА ХРАБРА ДЕВОЈКА ШТО ОДБИЛА ДА МОЛЧИ. СО ПРЕДГОВОР НА АМАЛ КЛУНИ. Надија Мурад е родена во Кочо, мало језидско село на северниот дел од Ирак. Живеела опкружена со големо семејство и сонувала за тоа да стане наставничка по историја или да отвори свој салон за убавина. Во 2014 година, Исламската Држава го нападнала селото на Надија. Таа тогаш имала дваесет и една година и тука бил крајот на нејзиниот безгрижен живот. Милитантите на Исламската Држава ги масакрирале селаните што одбиле да преминат во ислам. Мајката на Надија била една од осумдесетте постари жени што биле егзекутирани, а нејзините браќа меѓу стотината мажи што биле убиени во еден ден. Заедно со илјадници девојки, Надија е однесена во Мосул за да стане сексуална робинка. Кога конечно успеала да избега, лутала по улиците на Мосул додека не пронашла спас во едно семејство сунитски муслимани, чиј најстар син си го ризикувал животот за да ѝ помогне. Надија никогаш не ни сонувала дека ќе биде номинирана за Нобеловата награда за мир или дека ќе стане амбасадор на добрата волја на Обединетите нации. Луѓето што ја држеле во заробеништво ѝ зборувале дека Језидите ќе бидат избришани од лицето на земјата, а имало моменти кога и таа почнала да верува во тоа. Нејзината приказна го натера светот да обрне внимание на геноцидот во Ирак – бруталноста на Исламската Држава, убиствата, измачувањата, силувањата. Оваа книга е повик за дејствување, сведоштво за неуништувачката волја за преживување, љубовно писмо за изгубената држава, кревката заедница и семејствата разорени од војната. „Сакам да ги погледнам во очи луѓето што ме малтретираа и да ги видам изнесени пред лицето на правдата. Повеќе од што било друго сакам да бидам последната девојка со ваква приказна во светот“ – вели Надија Мурад.

Цена: 350 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Последната девојка

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-338-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Последната девојка”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in