Последната книга на планетата Земја

Издавач: ѓурѓа | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Последната книга на планетата Земја | Бр. на страни: 248 | Димензии: 20 | Корица: тврда

Пост апокалипсичен крими трилер со научно фантастични елементи за крај на светот, романот „Последната книга на планетата Земја“, приказната започнува со: Што би направил ако деновите на планетата Земја ти се одброени? Дали би продолжил да живееш или желбата за самоубиство би нараснувала со својот интензитет се повеќе и повеќе? Книга за преживувањето, за опстанокот. Книга за човековиот избор. Книга која не упатува на човекот во човекот. Дејството е во Р.Македонија во блиска иднина И ЌЕ ПРОДОЛЖАМ ДА УМИРАМ ЗА ЉУБОВТА СЕ ДОДЕКА ТАА ЖИВЕЕ ВО МЕНЕ е кристализираното мото со еден посебен прегоратив во внатрешниот суптилен свет на главниот лик . Романот е океан во кој се слеваат приказните за: Чистата малограѓанска патетика;(Не)можноста да се преболи загубата на најблиските членови на семејството доживена како душевна алхемија, чисто волшепство;Копнежот по љубовта на човекот и стремежот на авангардата која и ја одзема вредноста на душата; Опасноста од користењето на мобилните телефони кои произведуваат вибрација и емисија која создава уништувачка фреквенција; Потребата да преживееш и по цена да убиеш; Сите овие и многу други приказни раскажани во романот претставуваат целокупно ткаење наречено – ПРИКАЗНА ЗА СПАСУВАЊЕ НА СВЕТОТ. Филип Петровски има потенцијал да стане визионер. Тој е предвесник на НОВИОТ ЖИВОТ кој доаѓа на Планетата Земја како што чувствата се предвесник на „Визијата на љубовта“.Загатнува прашање за интуитивната перцепција која ќе ни овозможи да се справиме со „Марсовската“ темна сила.Марсовската влада е СИМБОЛ на силата на судбината која е олицетворение на ПРИНЦИПОТ НА СИЛА односно СИЛАТА НА СТРАВОТ. Нејзино изразно средство е лагата.Денеска човекот во себе го носи и го крие стравот несвесен дека со тоа ја одржува, негува и живее со „Визијата на стравот“. Предизвикува восхит начинот на кој Филип Петровски ја ткае приказната сместена во иднината, а втемелена на минатото и како што самиот вели: „Не знам што е фикција (привид), а што е реалност“. Таквото нешто може да му се случи и да го направи само човек кој има способност да ја почувствува и да ја живее ВИСТИНАТА којашто произлегува од духовната димензија. Да се доживее вечноста значи да се живее во таа димензијата во која владеат универзалните принципи, во која владее СИЛАТА НА ПРИНЦИПОТ односно СИЛАТА НА ЉУБОВТА. За Филип Петровски крајот не е сам по себе цел туку тоа е нов почеток. За него ПАТОТ Е ЦЕЛТА.

Цена: 400 ден

10 на залиха

Спореди

Report an abuse for product Последната книга на планетата Земја

Категорија:
ИСБН: 978-608-201-398-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Последната книга на планетата Земја”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *