Последното име на иднината

Издавач: Антолог | Јазик: македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 348 | Димензии: 13х20 | Корица: мека

Едно дете го придружува дедо си до блискиот рид над градот, каде што пуштаат балони со хелиум кон небото. Во еден миг балонот исчезнува, а на негово место се појавува мала бела птица.

Таквите денови стануваат убави сеќавања, но детето израснува во човек со мал невидлив дефект под градната коска – телото често му го разјадува празнина и тој станува опседнат со стареењето на луѓето. „Враќање дома“ треба да биде единственото друго име на староста. „Тишина“ е второто име на Зале, реката отаде прозорецот. Иднината има илјада имиња, но кое е последното?

Приказна за животот на Јоха, инженер за тунели од Јена, Источна Германија, чиј живот од корен се менува откако ќе биде испратен да работи во едно испустено место на југот од Босна и Херцеговина. Приказна за телата, осаменоста, патувањата и за животот што го живееме и го замислуваме и на кој успеваме и сакаме да се сеќаваме. Приказна за еден човек што, најпосле, го води својот внук на блискиот рид од детството, гледа во балонот во неговата мала рака и помислува на тоа како сите нешта – во свое време и на чудесен начин – си доаѓаат на свое место.

Цена: 350 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Последното име на иднината

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-303-5

Questions and Answers

You are not logged in