Преработка на месо: Подобрување на квалитетот

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Meat processing: Improving quality | Бр. на страни: 480 | Димензии: 155x235 | Корица: /

Месото само по себе е главен продукт во исхраната и се содржи како додаток во многу други прехранбени производи. Имајќи го тоа предвид, уредниците и нивните соработници во оваа книга ги презентираат најновите истражувања за дефинирање и за утврдување на квалитетот на месото и начините за негово одржување и подобрување во текот на обработката.
Книгата е конципирана во три дела: анализа на квалитетот на месото, мерење на квалитетот и нови техники за подобрување на квалитетот. Во првите два дела станува збор за квалитетот и за факторите што влијаат врз него, неговото одредување според соодветни индикатори и методите за негово следење и анализа. Во третиот дел е разгледан широк спектар техники за обработка на месото, распределени во различни фази од производствениот и дистрибутивен синџир. Дел од техниките опишуваат автоматски процеси за обработка, преработка на месото под висок притисок, унапредување на околината при пакувањето, ладење и смрзнување. Покрај техниките за преработено месо, разгледани се одредени пристапи и кон ферментираните производи од месо.
Со својата детална и комплетна покриеност на темата, оваа книга може да се смета за еден вид стандард што се однесува на сите професионалци вклучени во месната индустрија и во истражувачките центри.
Уредниците на ова издание, Џозеф Кери и Џон Кери, се професори на Универзитетот „Корк“, а професорот Дејвид Ледвард е раководител на Одделот за молекуларна наука на храна при Факултетот за биологија на храна, Униварзитет „Ридинг“.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 2200 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Преработка на месо: Подобрување на квалитетот

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-216-8

1 оценка за Преработка на месо: Подобрување на квалитетот

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in